Младиинфо вработува проектен асистент!

Асоцијацијата за едукација Младиинфо Интернационал продолжува со големи чекори напред да придонесува за личен и професионален развој на младите, оттаму повторно го прошируваме тимот. Доколку сакаш да работиш во тим на млади ентузијасти, инспиративни професионалци и луѓе за кои образованието и подобар квалитет на животот се идентитет, а не само работа, тогаш ова е вистинскиот повик за тебе!

Проектниот асистент ќе работи на административни и програмски задачи поврзани со младински проекти во областа на младинско информирање, младинско охрабрување, нови медиуми и социјално претприемништво, а ќе одговара пред Директорот за финансии и администрација.

Проектниот асистент ќе биде одговорен за водење на програмските и административните работи на организацијата, вклучително:

Програмски задачи:

  • Имплементација на проекти, организирање на проектните активности;
  • Комуникација со проектни партнери и релевантни чинители;
  • Подготвување наративни извештаи за сработеното.

Административни задачи:

  • Прием на документи и соодветно архивирање;
  • Познавање на архивско работење;
  • Набавка на материјали и услуги, според воспоставените правила за финансиско и административно работење во организацијата;
  • Следење на буџетски трошоци и организација на сметки;
  • Комуникација со партнери и соработници за финансиско-административни прашања;
  • Канцелариска работа поврзана со организирање на документација.

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование во доменот на хуманистичко-општествените науки;
  • Најмалку 2 години искуство во работа со администрација и документација;
  • Одлично познавање и активно работење со Microsoft Office пакетот (со акцент на Excel и Word);
  • Одлично познавање и aктивно користење на деловен англиски јазик (говорен и пишан);
  • Високо развиени аналитички и комуникациски способности, посветеност, лојалност, доверливост, комуникативни и презентерски вештини, вештини за организирање, капацитет за тимска и независна работа;
  • Подготвеност за динамична работа, која вклучува патувања во земјата и странство;
  • Желба за учење, како и за личен и професионален развој;
  • Искуство во работа на младински проекти ќе се смета за предност.

Работното време за оваа позиција e 40 часа неделно, од понеделник до петок, од 08:30 до 16:30 часот. Нето платата е во зависност од стручните квалификации и работното искуство. 

Работниот ангажман за оваа позиција е на определно време со платен тест период од два месеца.

Заинтересираните кандидати својата кратка биографија (CV), вклучувајќи две лица за контакт доколку е потребна препорака, треба да ја испратат најдоцна до 22-ри декември 2017 година, до 17 часот, на адреса: recruitments@mladiinfo.eu со назнака: Апликација за работно место.

Апликациите на кандидатите кои не ги исполнуваат наведените услови и кои нема да бидат испратени до предвидениот рок нема да бидат разгледувани. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Сите дополнителни прашања, испратете ги на електронската адреса: recruitments@mladiinfo.eu. Ве молиме без телефонски јавувања.